Вчера во 11 часот било пријавено дека во село Подгорци-струшко патничко моторно возило “тојота јарис“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 27-годишен жител на селото Подгорци, удрилo во пешак (53) од  истото село.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата Св.Еразмо-Охрид, информира СВР Охрид.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Струга.

OhridNews