Вчера во 13.35 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул .„Даме Груев“ во Охрид, 59-годишно лице од Скопје, додека управувал велосипед, изгубил контрола и паднал на коловозот, при што се здобил со тешки телесни повреди.

Тој бил пренесен во Болницата „Св.Еразмо“ каде му била укажана лекарска помош.

За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Охрид.

OhridNews