Извршниот директор на американскиот производител на електрични автомобили „Тесла“, Илон Маск, денеска објави дека електромобилите на компанијата ќе може да бидат плаќани и со криптовалутата биткоин.

„Ќе можете да плаќате во ’Тесла‘ со биткоини. Можноста за плаќање во биткоини ќе биде достапна и вон САД кон крајот на оваа 2021 година“, напиша претприемачот на својата Твитер-страница.

Тој исто така, претходно поддржуваше и други слични дигитални валути, како што е „доџкоинот“ (dogecoin).

„Тесла“ на 8 февруари објави дека вложила 1,5 милијарда долари во биткоин и оти во блиска иднина ќе им овозможи на корисниците да ги исплаќаат возилата и во оваа криптовалута.

„Една од најголемите компании во светот инвестираше во биткоин, што значи дека сите инвеститори во ’Тесла‘ (или барем само еден фонд во (индексот) Ес-енд-пи-500) се вклучени во тоа“, рече тогаш Маск.

OhridNews