Во исчекување на мечевите кои ќе ја одлучат титулата во Англија, внимание привлекуваат натпреварите на дното на табелата. Њукасл забележа значителна победа на домашен терен против Кристал Палас со 1-0. Стрелец на победничкиот гол беше Таусенд по еден час игра од слободен удар. Гостите има можност да се извлечат но Кабаје не реализираше најстрога казна.
Резултати: Њукасл – Кристал палас 1-0, Ватфорд – Астон вила 3-2, Евертон- Бурнмаут 2-1, Стоук-Сандерленд 1-1.