Екипата на Тетекс со минимален триумф од 1-0 над албанскиот лигаш Лачи ги стратуваше тест мечевите во Охрид. Стрелец на единствениот погодок беше младинскиот репрезентативец Митревски Ристо од слободен удар.

– Задоволни сме од првиот тест во Охрид, каде ќе одиграме уште неколку контролни средби. На овие подоготовки ќе ја бараме новата физиономија на екипата. Она што ме радува е залагањето, ред и дисциплината за време на подготовките – вели тренерот на Тетекс, Драги Сетинов.

Штофарите во Охрид ќе останат до 27 јули, а имаа закажано уште две пријателски средби со Гостивар во сабота и со Пелистер во недела.

М.П.