Поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „Полов напад врз малолетник кој не наполнал 14 години “, полициската станица од Дебар  до гостиварското основното јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против 33- годишно лице од Тетово, на кое од страна на истражен судија му е одредена мерка притвор, во траење од 30 дена.

Пријавениот, во последниве четири години, континуирано вршел сексуално полови дејствија врз неговата малолетна ќерка, по што заканувајќи и се  барал од неа, никому да не кажува за тоа. Од страв, малолетното девојче, цели четири години молчело за се што и се случувало.

Пред да биде пријавен и притворен,  тетовчанецот полов напад врз неговата ќерка извршил во Дебар, во близина на автобуската станица. Таквите дејствија, тој ги правел на неколку локации во Тетово како и во семејниот  дом.

Во полициската станица во Струга, во присуство на нејзината мајка и претставник од Центарот за социјални работи, извршен е разговор со малолетното девојче.

OhridNews