Од МВР информираат дека вчера, во 20.10 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево било забележано паркирано патничко возило „Мазда“ со скопски регистарски ознаки, во кое се наоѓало 40-годишно лице од Тетово. Од страна на полициски службеници бил направен преглед на возилот и лицето, при што биле пронајдени изработена службена легитимација со амблем на МВР на Република Македонија со фотографија на лицето, фосфорно елече, мал нотес со патни налози и озонер со амблемот Полиција.
Поради лажно преставување по член 391 од Кривичниот законик на Република Македонија, тетовчанецот, инаку евидентиран како сторител на кривични дела “измама“, бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка.
OhridNews