Пред реванш средбата со шведскиот Елсборг кој што победи на првата
средба со високи 5:0, тетовци очекуваат чесно да се простат од Лигата на
Европа и се надеваат на победа.


Јакимоски и Захариески
– Поразот во Шведска дојде како
резултат на неколку фактори, отсуството на клучни и искусни играчи,
одговорноста која што падна на младите и неколкуте грешки кои домаќините
во целост ги искористија. Натпреварот во Скопје ќе го играме поинаку,
во тимот се враќаат Срѓан Захариевски, Сашко Ристов и Ивица Глигоровски.
Растоварени сме од императивот за пласман во натамошните натпревари, па
така ќе бидеме во можност да прикажеме подобра игра.“ изјави тренерот
на Тетекс Тони Јакимовски

– Немаме што да загубиме. Ќе играме на
победа, за нас но и за рејтингот на македонскиот фудбал.   Се надевам
дека ќе имаме поддршка од трибините како во мечот со Вентспилс.
Натпреварот сепак заслужува внимание, младите ќе ја искористат шансата
да се докажат, како што ја искористи Пеев кој што најде ангажман во
странство“ изјави капитенот на Тетекс Срѓан Захариевски, кој што не
настапи во Борас Арената во Борас, Шведска, поради два жолти картони.

Мечот започнува во 17 часот, а ќе биде отворена само северната трибина
на Филип Втори Арената.

Ohridnews
Извор “Макфакс“