На 6 јуни во Берлин во финалето од Лигата на Шампиони ќе се сретнат италијанскиот првак Јувентус и шпанскиот Барселона. Аргентинските репрезентативци Лионел Меси односно Карлос Тевез се први виолини во екипите и нивниот исход ќе биде клучен за победникот на крајот.


– Знаеме дека нема да биде лесно, но имаме шанса да станеме Европски шампиони и не сакаме да ја пропуштиме. Ќе се соочиме со тежок противник, но нема лесни натпревари до целта, а таа е пред нас. – рече Тевез.

За напаѓачот на Јувентус финалето во Берлин ќе биде трето откако во две настапи со Манчестер Јунајтед. Тевез има половичен успех во финалињата победувајќи со „ѓаволите“ во 2008 против Челси и губејќи од Барселона во 2009 година.

– Барселона со триото Меси, Нејмар и Суарез е најјаката екипа моментално во светот. Тие се совршени па затоа ние мора да одиграме совршено за да успееме да победиме. Меси добро го познавам, соиграчи сме од репрезентацијата и двајцата сакаме да го освоиме трофејот од Лигата на Шампиони. – додаде Тевез.

Светските букмејкери и даваат мала предност на Барселона, но во финалето се игра еден натпревар и се е можно.

Мх.П.