Некогашниот голгетер на Јувентус и екипите од Манчестер, Карлос Тевез постигна два од четирите во големо дерби во Аргентина меѓу Ривер Плата и Бока Јуниорс кое гостите го добија со 4-2


Победата од овој меч за актерите и навивачите вреди многу повеќе од титулата, а токму така и го одиграа натпреварот.

Домаќините, после првиот дел имаа водство 2-1 и игра, но последниот збор го немаше кажано Тевез кој со два погодоци го сврте резултатот и го трасираше победничкиот пат за својата екипа. Во финишот гостите погодија уште еднаш со што ја запечатија победата.

OhridNews