Италијанскиот првак Јувентус и во третиот натпревар сезонава во Лигата на Шампиони не успеа да забележи победа. „Старата дама“ оружјето го положи на „Сантијаго Бернабеу“ каде претрпе пораз од Реал Мадрид 2-1.


– Разочарани сме од резултатот, но мислам дека одигравме добар натпревар. Многу е тешко да играш со десет фудбалери речиси цело полувреме. Направивме неколку грешки кои не смеаат да се прават кога се игра против екипа од рангот на Реал Мадрид. Тие веднаш ги казнуваат и не простуваат – рече Аргентинецот, Карлос Тевез.

Четвртата рунда ќе биде клучна за Јувентус кога на домашен терен ќе го пречека кралскиот клуб.

Мх.П.