Карлос Тевез по долг молк се огласи во медиумите за неговиот евентуален трансфер во Кина, за кој на големо се пишува во Аргентина и светските медиуми.
Поранешниот член на Вест Хем, двете екипи од Манчестер и Јувентус разочаран е од состојбата во Аргентина и не исклучува можност за преселба во Кина, каде му нудат годишна плата од 84 милиони долари.
– Мислев дека по толку години нештата се нормализираа. Мислев дека сега можам нормално да излезам на вечера со децата, а да не морам да се кријам како криминалец по градот затоа што сме изгубиле натпревар. За жал, ништо не е променето. Не можам да излезам од дома како нормален човек кога Бока ќе изгуби. Едноставно кажано тука страдам. Се чувствувам како затворен во кафез, а на никого не му должам ништо. Одбив добри понуди од Кина и Катар кога заминував од Јувентус, а сепак одлучив да се вратам и да ѝ помогнам на Бока. Но, ова е премногу. – изјави Тевез.
До крајот на сезоната во Аргентина останува уште едно коло, а потоа Тевез со сопругата ќе замине на одмор каде ќе одлучи за својата иднина.
OhridNews