Аргентинскиот репрезентативец Карлос Тевез има две причини да биде среќен, а тие се официјализираниот трансфер во Бока Јуниорс и погодениот пенал за победа во седмата серија со Колумбија на Копа Америка.


Враќањето во Бока беше голема желба на Тевез кој повеќе од успешно настапуваше во дресот на Јувентус две сезони.

Претходно, четири сезони Аргентинецот настапуваше во Манчестер Сити, две во Манчестер Јунајтед и една во Вест Хем.

Од Бока популарниот „карлитос“ се пресели во Коринтијас, а после 12 години се враќа во матичниот клуб.

Во дресот на „гаучосите“ Тевез има настапено на 72 натпревари и има постигнато 13 голови.

Мх.П.