Аргентинскиот фудбалер Карлос Тевез по трет пат ќе го облече дресот на Бока Јуниорс, откако клубот го официјализираше неговото враќање.

Кинескиот клуб Шангај Шенхуа го прифати барањето на 33-годишниот фудбалер за предвремен раскин на договорот кој веднаш се договор за кам бек на „Ла Бомбоњера“ стадионот.

– Се вратив со една цел и голема надеж. Целта ми е со мојот омилен клуб да ја освојам титулата во Копа Либертадорес, а надежта ми е повик во селекцијата за престојниот Мундијал во Русија. Уживам кога играм фудбал во и за Аргентина и затоа се вратив од Кина. – изјави Тевез на презентацијата.

Тевез остави добар белег во Европа бранејќи го боите на Вест Хем, Манчестер Јунајтед и Сити и Јувентус.

OhridNews