Пораншениот капитен на Манчестер Сити, Карлос Тевез по пет месечна пауза настапи во синиот дрес играјќи за резервниот тим. Аргентинецот ги одигра првите 45 минути во поразот на резервистите од Престон со 3-1.

Тевез доби зелено светло за настап, откако тренерот на Сити, Роберто Манчини го прифати извинувањето поради тоа што одби да влезе во игра од клупата за резервни играчи на мечот од Лигата на шампиони против Баерн.

Од клубот очекуваат Тевез да биде дополнителна алка во трката за шампионската титула со градскиот ривал Манчестер Јунајтед.

М.П.