Првото восхитување на туристите за најубавата глетка во градот од аголот на патеката од каде што прв пат се здогледува Канео, кога веднаш воодушевено се застанува и се извлекуваат апаратите, сега е „збогатено“ со тезга. Доживувањето и погледот се уништени со “Rothmans“ чадор за сонце и повик за …


Клупата за одмор и уживање – едно од најубавите места за очите и душата во Охрид – сега е „бирото на бизнисменот” за продажба на бижутерија и сувенири.

Каде се инспекторите?
Или пак да се префрлат сите тезги од кејот по патеката накај Канео па да имаат туристите што да купат и на што да се восхитуваат?

Охриѓанка Елена Ц.

Изнесеното во рубриката Ваши ПИСМА, се лични, а не ставови на редакцијата на „OhridNews“ и таа не сноси одговорност за содржината на текстовите во оваа рубрика.

Од редакцијата