Македонската футсал репрезентација претрпе убедлив пораз со 7-1 Азербејџан. Домаќинот на квалификациите не беше воопшто гостољубив и до врв ја наполна македонската мрежа.

Поразот од Азербејџан е еден од најтешките што избраниците на Васко Скендеровски ги препре во последните неколку години.

Азербејџанците до убедливата предност стигнаа уште во првото полувреме кога поведоа со 4-0, за да во вториот стигнат и до убедливи 7-0. Во финишот од натпреварот поразот го ублажи Драган Петровиќ.

Во третата рунда Македонија ќе игра против селекцијата на Хрватска.

М.П.