Германскиот гигант Баерн Минхен претрпе голем и тежок удар откако поради повреда на седум недели го загуби Давид Алаба.


Австрискиот репрезентативец се повреди за време на пријателскиот натпревар на неговата селекција со репрезентацијата на Босна и Херцеговина.

Мулти функционалниот фудбалер на „баваците“ ги оштети лигаментите на левото колено по еден дуел со противнички фудбалер.

Алаба сезонава веќе паузираше два месеци по повредата добиена октомври минатата година во Бундеслигата.

Единствено добра вест за „баварците“ е тоа што капитенот Филип Лам ќе се врати и со сигурност ќе го покрие отсуството на Австриецот.

Мх.П.