Лидерот во Премиер лигата, Арсенал претрпе голем удар во шампионските амбиции откако поради повреда Тео Волкот ќе биде аут до крајот на сезоната.

Брзоногиот крилен фудбалер се повреди на градската пресметка со Тотенхем 2-0 во ФА Купот, но никој не очекуваше дека се работи за посериозна повреда.

Покрај натпреварите на Арсенал, Волкот најверојатно ќе го пропушти Светското првенство кое ќе се одржи летово во Бразил.

Во досегашниот дел од сезоната Волкот настапи на 13 натпревари во најсилната англиска лига и има постигнати пет погодоци.

Мх.П.