Угостителската понуда на Охрид ова лето е побогата со новиот ексклузивен ресторан „The Great“, кој свечено ќе биде отворен вечерва со гала забава.

Сместен на брегот на Охридското Езеро во Горица, „The Great“ нуди извонредно доживување за сите сетила. Внимателно уредениот ентериер, прекрасната тераса со поглед на Охрид, концептуално мени и професионална услуга, се заштитeн знак на новиот екслузивен ресторан.

„The Great“ во Охрид,  е втор ресторан во светот под овој бренд. Првиот веќе успешно работи во Швајцарија, а по Охрид „The Great“, инспириран од Александар Македонски (Alexander the Great), ќе го освојува Дубаи.

На свеченото отворање на „The Great“, вечерва, ќе настапи познатата балканска пејачка Едита.

Г.М