Александар Белов, македонскиот преставник на неодамна завршеното реално шоу “Операција Триумф“ ќе учествува на „Скопскиот фестивал“ (18 – 21 февруари) на кој ќе се одбере изведувачот и песната за „Евровизија“.

Александар ќе настапи со темата „Ти пеам песна“ на композиторот Кире Костов и на текстописецот Миодраг Врчаковски.

– Мило ми е што добив шанса да се натпреварувам и да се борам за тоа својата земја да ја претставам на „Евровизија“. Ќе ми претставува големо задоволство ако во Москва бидам пејачот од Македонија “ изјави Александар.

ohridnews