Поранешниот фудбалер на Арсенал и француската репрезентацијата Тиери Анри прогласен е за најдобар странец во историјата на Премиер лигата.

Во анкетата која ја спроведе „BBC“ учествувале 2 016 фудбалери кои играле или се уште играат во Премиер лигата, но немаат потекло од Велика Британија.

Французинот на првото место се искачи со неверојатни 45% од гласовите. Второ место му припадна на Кристијано Роналдо кој има три пати помалку гласови во однос на Анри. Третопласиран е сонародниот на Анри, Ерик Кантона со 12% од гласовите.

Во анкетата имаше и поединечна конкуренција. Помеѓу голманите за најдобар е одбран Питер Шмајхел пред Петер Чех и Давид де Геа, а во одбраната Винсент Компани се најде пред Немања Видиќ и Јап Стам. Анри кај напаѓачите ги победи Дидиер Дрогба, Кун Агуеро и Кантона, додека Роналдо беше во конкуренција во фудбалери од средниот ред. Португалецот изби пред Патрик Виера, Давид Силва.

OhridNews