Еден од најдобрите француски фудбалери во историјата Тиери Анри стави точка на фудбалската кариера.
Анри последните сезони ги мина во америчката МЛС лига, а претходно во Европа настапуваше за Монако, Јувентус, Арсенал и Барселона.
Напаѓачот може да се пофали со тоа што во неговата богата ризница на трофеи ги има освоено сите во кои се натпреварувал.
– Тешка одлука, но време беше да тргнам по друг и нов пат. Им благодарам на сите мои фанови во екипите каде сум настапувал кои ми беа неверојатна поддршка 20 години – се обрати преку својот фејсбук профил Анри.
Тој се повлече од активното играње, но не и од фудбалот бидејќи ја прифати понудата од „Скај спорт“ за стручен коментатор на мечевите од Премиер лигата и Лигата на Шампиони.
Мх.П.