Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Тијаго Мендес (34), на натпреварот со Еспањол, одигран во саботата, се здоби со фрактура на десната нога.
Тијаго во првото полувреме, во дуел со фудбалерот на Еспањол Марко Асенсио, остана да лежи на тревата, а потоа на носилки беше изнесен од теренот.
Португалецот веднаш бил префрлен во најблиската болница каде било констатирано дека тој ја скршил десната нога. Клубот не соопшти колкава пауза му престои на Тијаго.
Тијаго е еден од најстандардните играчи на Атлетико оваа сезона, тој на „Винсенте Калдерон“ е веќе седум години и беше дел од тимот кој во сезоната 2013/2014 ја освои шампионската титула.
Инаку, Атлетико славеше над Еспањол со 1:0, а стрелец на голот беше Гризман во третата минута. Атлетико е втор на табелата со 29 бодови,, четири помалку од лидерот Барселона.
Ohridnews










