Тиквеш ќе го брани трофејот на струшкиот ракометен турнир освоен минатата година, откако со победата над Спартак од Варна со 27-19, со две победи во исто толку натпревари го освои првото место и се пласираше во финалето кое се игра утре во 20.30 минути.

Составот на “винарите“ до победата го предводеше триото Милосављевиќ, Павловски и Шалески со по пет постигнати гола.

Домаќинот Струга го претрпе и вториот пораз, овај пат од косовскиот Кастриоти со 30-24.

Втор натпревар во низа најпрецизен е Костески кој идентично како и на мечот со Пелистер, протвиничката мрежа ја погоди седум пати. Трајкоски со седум и Доброши со пет гола беа најзабележителни кај гостите.

Вториот патник во финалето, ќе го даде вечерашната пресметка помеѓу Пелистер и Кастриоти.

Во третото коло денес играат:
18:30 Спартак – Јагодина
20:00 Пелистер – Кастриоти
.

М.П.