Тим од ОЕМУЦ ,,Св. Наум Охридски” – Охрид како партнер на проектот САПЕ – Зајакнување на претприемничките компетенции на практикантите од средните стручни училишта беше дел од Глобалната конференција за претприемништво 2024 организирана од CEFE Macedonia – ЦЕФЕ Македонија.
Општата цел на конференцијата беше промовирање на претприемништвото и потребата за негова застапеност во образовниот систем. Токму затоа, на оваа панел-дискусија претставниците од нашиот Центар ги споделија своите позитивни искуства во спроведувањето на овој проект и тоа во делот на воннаставните активности во рамки на ЛМО при ОЕМУЦ, велат од училиштето.

OhridNews













