Тим од ученици од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски” меѓу најдобрите во државава. Ана Спироска, Ана Атанасовска, Климент Маријаноски, Дарко Крлески и Александар Спасеновски, сите од III-3 клас, заедно со менторката Ирена Ралева-Најдевска, со својата мобилна апликација за детекција на отпад – TrashPinger, учествуваа во програмата на RISE – програма за идни млади социјални и зелени претприемачи.
Во конкуренција од 31 пријавен тим, нашиот тим од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ успеа да се пласира во најдобрите седум тима од цела држава, велат од училиштето.

OhridNews














