Австрискиот тенисер Доминик Тим совладувајќи го Новак Ѓоковиќ во три сетови (6-7, 6-2, 6-3) обезбеди пласман помеѓу најдобрите осум на мастерс турнирот во Монте Карло.
24-годишниот тенисер го изгуби првиот сет, но покажа карактер и квалитет и со пресврт успеа да го совлада некогаш најдобриот тенисер во светот.
Тим со вториот триумф во серија над Ѓоковиќ успеа да го поправи лошиот скор, кој се уште е на страна од српскиот тенисер (5-2).
Во 1/4 финалето Тим ќе се сретне со победникот од дуелот помеѓу Надал и Качанов.
OhridNews