Фудбалерите на Охрид, Славе Маркоски и Александар Целески се дел од идеалниот тим за есенската полусезона, составен од двете Втори лиги во Македонија.

Маркоски местото помеѓу најдобрите го обезбеди со континуирана игра во текот на целата полусезона,. Репрезентативецот до 19 години покриваше две позиции, играјќи подеднакво во одбрана и во средниот ред, ако е потребно.

Голгетерот Целески беше творец на две значајни победи на Охрид, а имаше улога и во триумфот над Кадино во последниот меч од полусезоната. Целески го реши дербито со Гостивар (1-0), а човек на одлука беше на дуелот со Велазерими (1-0). Добрата првата етапа ја заокружи со две асистенции до Шериф Реџепи во триумфот над Кадино од 2-1.

Брегалница и Тиквеш имаат по три фудбалери во идеалнио тим, а покрај Охрид два свои претставници има и Скопје. Идеалниот тим го комплетира Алтин Лога од Велешта.

  • Тимот на полусезоната:

Голман: Стојан Димовски (Тиквеш)

Одбрана: Славе Маркоски (Охрид), Дино Најдовски (Скопје), Дарко Стојанов (Брегалница)

Среден ред: Ѓорѓи Мојсов (Тиквеш), Анес Османоски (Брегалница), Владимир Жоглев (Скопје), Алтин Лога (Велешта), Дарко Додев (Брегалница)

Напад: Александар Целески (Охрид), Симеон Христов (Брегалница)

Тренер: Љупчо Маркоски-Калц (Скопје)

OhridNews