Тимот на ВМРО – ДПМНЕ, составен од претставници на централно и локално ниво во текот на вчерашниот ден извршија повеќе посети и средби со граѓани на повеќе населени места во охридскиот регион.

Средбите почнаа со посета на селата Трпејца и Љубаништа, а  завршија во село Велгошти, каде што директорот на Агенцијата за млади и спорт Александар Пујовски официјално и ги предаде клучевите од салата „Тодор Александров“ на Локалната самоуправа, кои потоа му беа предадени на директорот на основното училиште „Живко Чинго“ со што од денес  салата е ставена во употреба и во служба на учениците на основното училиште и жителите на селото.

– На средбите со граѓаните, претставниците на ВМРО-ДПМНЕ одблиску беа запознаени со проблемите на месното население и нивните потреби за подобрување на инфраструктурата, како и начинот за нивно решавање во најкраток рок. Исто така жителите од охридскиот регион беа запознаени со проектите кои се во фаза на реализација или ќе започат да се реализираат во блиска иднина, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму, најавуваат дека посетите на функционерите од централната и локалната власт на ВМРО – ДПМНЕ ќе продолжат и во наредниот период.

OhridNews