Македонската православна црква – МПЦ не и се лути на Албанската православна црква што не ја покани на осветувањето на Соборниот храм „Воскресение Христово“, што вчера се одржа во Тирана. Според Митрополитот Дебарско – Кичевски Тимотеј причина за непоканувањето на МПЦ на настанот е нејзиниот нерешен статус. Тоа, вели г. Тимотеј,  не влијае на односите со Албанската православна црква. 

-Ние таму не бевме таму поканети официјално, а ако не сте канети не можете да одите. Знаете во каква состојба се наоѓа МПЦ во нерегулирен однос со останатаите православни цркви и немаме право да се лутиме ни на Албанците ни на другите. Албанската православна црква  има коректни односи со нас, пред еден месец бевме во посета на архиепископот на АПЦ кој не прими со достоинствен однос како што прилега на еден поглавар.-изјави денеска во Враништа, струшко, владиката Тимотеј.

На чело на АПЦ е архиепископот Јанулатос кој по потекло е Грк. Негови гости во Тирана беа поглавари на православни цркви и високи црковни делегации од Ерусалим, Полска, Романија, САД Русија, Кипар, Грција, како и српскиот патријарх Иринеј, што е прв пат еден српски патријарх да престојува во Албанија. СПЦ не ја признава МПЦ и го поддржува делувањето на ПОА на расчинетиот владика Јован во Македонија, но дали тоа влијаело на одлуката на Албанската православна црква  од Охридската архиепископија не коментираат.

Не би можел да коментирам. На домаќинот е кого ќе кани.-додаде г. Тимотеј.

OhridNews