Тинекс Пролет го совлада Охрид со 29-23 и обезбеди пласман во завршницата од ракометниот национален куп.


Охриѓани одиграа слабо прво полувреме кое го загубија со 14-7, во вториот пол час беа рамноправни со скопскиот суперлигаш, но не успеаа да го “завртат“ резултатот во своја корист. Подолгата клупа и поголемата ротација беше причината за победата на Тинекс.

Во полуфиналето охриѓани беа подобри од Младост со 27-22.


Жалосно е што РФМ немаше слух за ракометниот амбиент кој го краси Охрид во моментов, па така во салата во Скопје беа присутни едвај 20 гледачи, и од нив половината охриѓани. Доколку овој турнир се играше во Охрид сигурно тоа ќе беше празник за ракометот.

М.П.