Белгија-Алжир 1 (1.45)

Вечерва продолжуваат натпреварите од Светското Првенство,а наш избор е натпреварот Белгија-Алжир и типуваме на белгијците.

Репрезентацијата на Белгија на ФИФА ранг листата се наоѓа на 11-та позиција и имаат 11 светски првенства зад себе,а на последните 5 натпревари општо имаат 3 победи (Тунис 1:0,Шведска 0:2,Луксембург 5:1),еден нерешен натпревар со Брегот На Слоновата Коска со 2:2 и пораз од Јапонија со 2:3.

Од друга страна пак репрезентацијата на Алжир се наоѓа на 22-та позиција на ФИФА ранг листата и имаат 3 светски првенства зад себе,а на последните 5 натпревари општо имаат 4 победи (Романија 2:1,Ерменија 3:1,Словенија 2:0,Буркино Фасо 1:0) и пораз од репрезентацијата на Буркино Фасо со 3:2.

До сега овие две репрезентации одиграле два меѓусебни дуели,на едниот триумфирале белгијците со 1:3,а другиот завршил нерешено без голови.