Besiktas-Karabukspor 1 (1.53)

Вечерва во турската Супер Лига се игра последниот натпревар од 28-то коло.Играат Бешикташ-Карабукспор,а наш избор е домаќинот.

Екипата на Бешикташ се наоѓа на 3-та позиција,но со натпревар помалку,со евентуален триумф се враќа на лидерската позиција.На последните 5 натпревари имаат 3 победи (Сиваспор 0:1,Ерчијеспор 5:1,Казимпаша 1:5),еден нерешен и без голови натпревар со Базакшехир и пораз од Фенербахче со 1:0.

Од друга страна пак Карабукспор се наоѓа на 16-та позиција и на последните 5 натпревари имаат една победа против Генчербирлиги со 2:1,еден нерешен и без голови натпревар со Газиантепспор и три порази (Аксихар Беледије 5:1,Конјаспор 0:1,Галатасарај 4:2).

И традицијата е на страна на домаќинот кој против Карабукспор има скор од 5-5-1.