Boston Bruins-New Jersey Devils 1 (1.86)

Вечерва во американската НХЛ хокејарска лига се игра 16-то коло,а наш избор е натпреварот Бостон Бруинс-Њу Џерси Девилс и типуваме на домаќинот.

Екипата на Бостон се наоѓа на 6-та позиција во Источната Конференција,а на последните 5 натпревари имаат две победи во регуларниот дел (Отава Сенаторс 4:2,Едмонтон Ојлерс 5:2),две победи во продолженијата (Бафало Сабрес 2:3,Флорида Пантерс 2:1) и пораз од Минесота Вајлд со 3:4.

Од друга страна екипата на Њу Џерси Девилс се наоѓа на 12-та позиција исто така во Источната Конференција и на последните 5 натпревари имаат една победа во регуларниот дел против Колумбус Блу Џакетс со 3:2,една победа на пенали против Винипег Џетс со 2:1 и три порази во регуларниот дел во низа (Ст.Луис Блуз 0:1 и 4:3,Детроит Ред Вингс 4:2).

И традицијата е на страна на домаќинот кој на последните 10 меѓусебни дуели со Њу Џерси Девилс имаат 6 победи,два нерешени натпревари и два порази.

Статистика на предлог на типовите на Ohrid News.

Ohridnews