France-Germany Х прво (1.9)

Вечерва почнуваат четвртфиналните натпревари на Светското Првенство во Бразил,а наш избор е натпреварот Франција-Германија,а типуваме на нерешено прво полувреме.

Репрезентацијата на Франција во осмина финалето ја елиминираа репрезентацијата на Нигерија со 2:0 практично во последните 10 минути.

Од друга страна репрезентацијата на Германија се изнамачи со мотивираната репрезентација на Алжир и победија со 2:1 во продолжението.

Според традиција подобри се французите кои против Германија имаат осум дуели,а на 4 триумфирале,два пати завршиле без победник и два пати биле поразени.