Pohang Steelers-FC Seoul 1 (1.85)
Попладнево се игра 14-то коло во рамките на јужнокорејската К-лига,а наш избор е натпреварот Поханг Стилер-Сеул и типуваме на домаќинот.
Екипата на Поханг се наоѓа на првата позиција и на последните 5 натпревари имаат 3 победи,еден нерешен натпревар и еден пораз.
Од друга страна пак екипата на Сеул се наоѓа на 9-та позиција и на последните 5 натпревари имаат две победи,еден нерешен натпревар и два порази.
Екипата на Поханг на последните 4 натпревари одиграни дома имаат 4 победи против Сеул.
Holland-Argentina 2 оди понатаму (1.65)
По вчерашниот дуел помеѓу Бразил и Германија се е можно и вечерва.Според начинот на игра на репрезентацијата на Аргентина тие би требало да одат понатаму.
Репрезентацијата на Холандија во четвртфиналето ја испаднаа репрезентацијата на Коста Рика на пенали.
Од друга страна Аргентина во четвртфиналето ја елиминира Швајцарија во продолжението со 1:0.
Според традиција пак подобри се холанѓаните кои против Аргентина имаат одиграно 6 натпревари,а триумфирале на 3 натпревари,два пати завршиле нерешено и еднаш биле поразени во продолжение.
Како и да е аргентинците вечерва се условно домаќини и поучени од вчерашниот дебакл на Бразил би требало да се сконцентрираат вечерва на овој дуел,да триумфираат и да одат во финалето.