Литванија-Турција 1 (1.44)

Попладнево се играат натпреварите од четврт финалето на Светското Првенство во кошарка во Шпанија.

Играат Литванија-Турција,а ние типуваме на литваниците.

Репрезентацијата на Литванија досега беа подобри од Ангола 75:62,Јужна Кореја 79:49,Словенија 67:64,Нов Зеланд 76:71,а беа изненадени од Австралија со 82:75.

Од друга страна пак репрезентацијата на Турција до сега беа подобри од Финска 77:73(68:68),Доминиканска Република 77:64,Австралија 65:64,а беа поразени од Украина 64:58 и САД 98:77.

Според традиција пак за нијанса се подобри турците со 3 победи и 2 порази против репрезентацијата на Литванија.