Manchester Utd.-Swansea 1 (1.4)

Попладнево започнуваат натпреварите од англиската Премиер Лига,честа да ја отворат сезоната ја имаат екипите на Манчестер Јунајтед и Свонси.Според нас на овој дуел би требало да победи домаќинот.

Екипата на Манчестер Јунајтед по се изгледа дека излегоа од минатогодишната криза и на последните 5 натпревари имаат 4 победи (Валенсија 2:1,Ливерпул 1:3,Реал Мадрид 3:1,Рома 3:2) и еден нерешен натпревар и без голови со Интер.

Од друга страна пак екипата на Свонси на последните 5 натпрвари имаат 3 победи (Ридинг 1:3,Ексетер 0:2,Плајмоут 0:4) и два порази (Виљареал 0:3,Борнемоут 3:1).

И традицијата е на страна на домаќинот кој против Свонси имаат 5 победи,еден нерешен натпревар и еден пораз.