Македонскиот интернационалец Горан Пандев со тимот на Галатасарај ја освои титулата во турската Супер лига.
За екипата на Галатасарај ова е 20-ти трофеј во историјата, за кој до самиот крај се бореше со Фенербахче и Бешикташ.
Пандев нема некои големи заслуги за титулата поради малата минутажа, но тој од Турција во Италија ќе замине со трофеј и епитот шампион.
Пандев се враќа во Калчо лигата, а следна дестинацијата е екипата на Џенова.
Мх.П.