Англиската бизнис агенција која стои зад Премиер лигата го објави списокот на заработка за завршената сезона во која сензационално Лестер стигна до титулата.


„Лисиците“ иако ја освоија титулата и ги собраа сите честитки и симпатии не ја завршија сезоната како клуб со најголема заработка во Премиер Лигата.

На првото место се наоѓа Арсенал со заработени речиси 101 милиони фунти од продажба на влезници, телевизиски права и спонзорски договори кои клубот го склучува пред сезона.


Шампионот во Англија, Лестер ја зазема петтата позиција со заработени 93 милиони фунти, а пред него се екипите од Манчестер со 96 милиони заработка и Тотенхем 95 милиони фунти.

Њукасл, Норвич и Астон Вила кои испаднаа од елитата имаат заработено над 65 милиони фунти што е повеќе од половина екипи во Серија А и Бундес лигата.


Вкупно во сезоната 2015/2016 англиските екипи имаат заработено 1 билијарда и 638 милиони што е апсолутен рекорд во светскиот фудбал.

OhridNews