Охридскиот женски фудбалски клуб „Билјанини Извори  беше крунисан за нов шампион на Македонија. По долга и напорна сезоната, охриѓанки први минаа низ целта, а трофејот беше заверен со убедлива победа над Ас Јунајтед со 8-3.

На последниот натпревар од сезоната “сините“ беа расположени за игра и во првите 20 минути стекнаа предност од 4-0. До крајот на првиот дел постигнаа уште еден погодок.

Добрите вести од останатите натпревари одеа во прилог на охриѓанки кои се опуштија и им дозволија три погодоци на стружанки. Потоа следуваше уште еден налет по кој охридскиот клуб забележа убедлива победа.

Дукова, Солакоска и Милеска постигнаа по два погодоци додека по еднаш мрежата ја затресија Кривањева и Спироска.

Наредната сезона охридскиот клуб ќе је преставува Македонија во Лигата на Шампиони, а од клубот најавија и соодветни засилувања за добра престава во фудбалска Европа.

Мх.П.