На крајот од минатата сезона Барселона му понуди нов договор на Дани Алвес, кој тогаш експресно го одби и почна да преговара со други клубови. Во тој момент тогаш Барселона беше конкуретна само во Ла лига каде со Атлетико Мадрид се бореше за титулата и на крајот ја загуби.
По назначување на Луис Енрике за тренер на екипата се променија многу работи, а Барселона сега се бори за трофеи на три фронта што очигледно го предомисли и бразилскиот репрезентативец.
Управата на каталонците подготви нов двегодишен договор за Дани Алвес, кој се очекува да го прифати и со оглед на годините (35 по истекување на договорот) да ја заврши кариерата на Ноу Камп.
Дани Алвес во Барселона дојде 2008 година од Севиља како еден од најдобрите десни бекови, а Ноу Камп тој продолжи да напредува и стана најдобар.
Мх.П.