Европската фудбалска унија (УЕФА) донесе една интересна промена, а која е поврзана со доделувањето на трофеите во Лигата на шампионите и Лига Европа. Трофеите по пауза од десет години повторно ќе се доделуваат на теренот, онаму каде фудбалерите и ги освојуваат.

УЕФА на чело со претседателот Александар Чеферин, со оваа одлука, ја прекина традицијата, трофејот да се доделува на ВИП трибината, која во 2007 година ја воведе Мишел Платини.

„Фудбалскиот терен е местото на кое играчите треба да ги слават своите успеси. Идеата е челниците да слезат на теренот за да им честитаат на фудбалерите. Изградени се посебни пиедестали чие монтирање трае пет минути. – изјави Чеферин.

Новото правило прв пат ќе биде применето на 24 мај во Стокхолм каде за трофејот во Лига Европа ќе се борат Мaнчестер Јунајтед и Ајакс.

OhridNews