– Анализирајќи го Охридскиот нацрт – план за управување, меѓународниот совет укажува деке е дискутабилна “Извонредната универзална“ вредност на Охридското Езеро во однос на новите критериуми кои се воспоставени со Нацрт – планот за управување. Односно ако се следат меѓународните стандарди, документот “содржи опис на инфраструктури и проекти за понатамошен развој кои не се усогласуваат со зачувувањето на исклучителната универзална вредност“. Во таа насока особено загрижуваат предложените проекти за развој како што се: “развој на езерскиот сообраќај и реконструкција на постојните и изградба на нови пристаништа“; “можност за развој на спортско, образовно и земјоделско воздухопловство“; “ Изградба на хидродром на брегот на Охридското Езеро “ и тн, велат од ТЛЕР.
Во врска со посетата на милијардерот Субрата Рој и најавената изградба на комплексот во Љубаништа, како и изградбата на хидроаеродромот од ТЛЕР велат дека сите тие активности, ако се погледнат низ призмата на УНЕСКО, на чија листа се наоѓа Охридското Езеро и градот Охрид како светско природно и културно наследство, се доаѓа до заклучок дека се прекршуваат многу правила, препораки и укажувања од оваа реномирана меѓународна организација.
– Се разбира, на нас останува дали еднаш засекогаш ќе прифатиме вистински да го сочуваме она што ни го дала природата или во името на “развојот“ и профитот се ќе мериме и вреднуваме со моќта на парите, додаваат од ТЛЕР.