Вчера во Секторот за Туризам и локален економски развој се оддржа една од неколкуте работилници, со цел сите чинители и инволвирани во руралниот развој со заедничко дефинирање на суштинските проблеми и приоритетни работи, да помогнат во подготовката на финален документ – стратегија за рурален развој на Охрид за 2014- 2018 година.
Пред присутните на денешната работилница, жители од охридските села, претставници на месните заедници , стопанственици и претставници од јавните претпријатија , беше претставен и текот на процесот на донесување на стратегијата, а беше разработена СЊОТ анализа со цел да се укаже на најприоритетните, најгорливите проблеми пред се состојбите во руралните области , развојните можности и потенцијали .
Од ТЛЕР велат дека ваква стратегија е повеќе од неопходна, бидејќи до сега не била донесена во општина Охрид, а е многу битна како документ на кој што понатака ќе се повикуваат, градоначалникот Никола Бакрачески, Советот и општинската администрација при реализирање на годинешните развојни програми. Стратегијата е битна и за подготовката на проектите со кои ќе се аплицира до Агенцијата за поддршка на руралниот развој и до други европски фондови.
За поголема ефикасност, територијата која ја опфаќаат руралните заедници во Охрид е поделена на три области: села кои се во подножјето на планината Галичица од Рамне до Љубаништа, другата ја опфаќа територијата со населените села Велгошти , Лескоец, Горно и Долно Лакочереј и третата област или нај-пасивната и нај-планинската, во која влегуваат селата Плаќе, Свиништа Речица , Завој и Куратица.
OhridNews