Барањето се поднесува во секторот за Туризам и ЛЕР со седиште во просториите над УНИ банка.
За физичките лица кои издаваат легла во сместувачките капацитети од мал обем, а немаат решенија за категоризација или важноста на истите е истечена, согласно законот за угостителска дејност се преземаат соодветни мерки.
Согласно законот за угостителска дејност важноста на Решението за извршена категоризација на угостителски објекти за сместување од мал обем трае три години од денот на изготвувањето на истото.