„Богатите наоѓалишта со ураниум и ненаселеноста во Мариово, се идеални услови за изградба на нуклеарен реактор во земјава.“ – смета лидерот на ТМРО, Ванчо Шехтански.

„Земјава со природните ресурси со кои располага, не смее да дозволи да биде енергетски зависна од соседите. Институциите најсериозно треба да размислуваат за изградба на нуклеарен реактор во наредните години.“ – истакнува Шехтански.
Од ТМРО и предлагаат на Владата, да бидат искористени пријателските односи со Израел, како оваа земја би ни помогнала во реализацијата на овој проект.
OhridNews












