Македонците со исламска вероисповед да гласаат за своите браќа по род и да ги поддржат заедничките кандидати на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во општините Струга и Кичево, повикуваат од ТМРО.

Како што пишува во соопштението на партијата на Шехтански, Македонците со исламска вероисповед не треба да наседнуваат на повиците за однародување од мамкедонскиот народ.

ТМРО ги повикува Македонците со исламска вероисповед да не наседнуваат на повиците за нивно однародување од македонскиот народ. Две партии на Македонци со исламска вероисповед веќе направија неприроден сојуз со партиите на Албанците во Струга, Кичево и Маврови Анови, а на штета на македонските национални интереси. Македонците се Македонци без разлика дали се со православна, исламска или каква било друга вероисповед.“ –  пишува во соопштението на ТМРО.

OhridNews