Организирано доаѓање на македонската дијаспора со потекло од Кичево и Струга на денот на изборите, порачуваат од македонската партија ТМРО.

Како што соопштува партијата на Ванчо Шехтански, за 24-ти март од страна на албанските иселеници најавени се 50-тина автобуси и околу 20 чартер авиони од западоевропските земји и САД.

Албанците во Кичево направија сеалбанско единство, а нивниот кандидат за градоначалник изборите ги нарече  референдум  за Голема Албанија. Македонскиот одговор беше сосема очекуван и идентичен со единствен градоначалнички  кандидат. Бројот на македонските иселеници во западноевропските земји е исто така голем, но чудно е што тука нема никакво организирано доаѓање, онака како  што  се  прави од албанската страна.“ – велат од ТМРО.

Поради тоа, ТМРО апелира до македонските друштва во Европа, на итно организирање и доаѓање на Македонците со потекло од Струга и Кичево, за време на локалните избори закажани за 24-ти март.

OhridNews